Ладно оружје
За сите возрасти
нови радости
Тие знаат најдобро
што ни е потребно
И што е модерно,
се што е скроено
Боже, овде гледам само робови!
Нови градови,
крвни садови
Боже, овде гледам само гробови
И мислиш, важно е што е вистина
Важно е само како изгледа
И јас сум нечие гладно оружје
Гордост
Сношти чекорев сам на полноќ
Сношти посакав
звук на челик
звук на бетон
звук на осама
Барав место да се сокријам
Барав место да преболам
Сношти чекорев полн со злоба
Полн со осама
Полн со отров,
за крв жеден
Чеден убиец
Нема веќе солзи во очите
Гладно ревеше ѕверот во мене
Чекорев без сон и без сила
да се помирам
Нема веќе ниту солза,
ниту трошка милост
за овие ладни убијци
Убиец раѓа убиец
Господи!
сношти посакав да бидат мртви
и да крварат за да можам мирно
да заспијам
засекогаш
Исус
Тој, тоа е тој
само Исус за еден ден
Тој, тоа е тој,
бол на стража,
крст и прав.
Тој, тоа е тој,
само Исус за еден ден
Уште една желба
Уште една доза
И нема бол
И нема страв
Крвави дамки
Стаклени очи
Растроен насмев
Тој е во рајот
Превез
Ја загубив моќта,
одам со темен превез на срцето
И ова што го гледам
не е вистина
Толку е студено
Во твојот свет без љубот
се ќе се престори во смрт
и се почесто тоа те радува
Нема да можеш никогаш
да бидеш моја потреба
и да ме мразиш, ќе биде залудно
Толку потребен лажен одговор
Само за миг ќе погледнам:
толпа луѓе обично
овде нема ништо,
ништо што ми е потребно
Во твојот свет без љубов
се ќе се престори во смрт
и се почесто само тоа те радува
Понекогаш, понекогаш љубовта е
соврчено циничен убиец, убиец!
Молк
Кога сум крај тебе,
стварноста и не ми е потребна
Единствено тогаш знам
дека сепак постојам
А, јас ќе замолчам.
Јас и не можам да зборувам
Мојот говор е заробен во чувствата
Молк
Темнината сокрива присуство
Можеби си тоа ти
и можеби е сосем доволно
да го чувствуваш
она што зборовите
не можат да го искажат
Молк
Луна
Како си , кој е тој немир
Опиши го, ако можеш
Доаѓа како магла
Нема страв, лице во лице
Мојот дом е така близу
Смири ме до полна штама
Растури се, мудра главо
Нема страв, лице во лице
Тишина
Зар не гледаш туѓи лица?
Силен зрак од полна луна
Доаѓа, пресекува
Првпат ноќ со девет сенки
Одлепени од својот мрак
Два во еден
Мразот во еден дел
ранува, те убива
Колк, невина срж
Топол прст на мојот здив
Мраз во еден дел
ранува, те убива
Страв од твојот нож
Најди ме во себе
Јас не сум ти,
ти не си јас
тоа не е никој од нас
Крик, но нема бол
За миг
Два во еден
Брчки
Дали заспиваш, или се будиш
не можам да откријам
Понекогаш ми се чини
дека си мртов одамна
Ова е време на заблуди,
само заблуда и може да се причини
како вистина,
во ова време на општи вистини
Понекогаш ми се чини
дека живееш, но поинаку
Затреперуваш, се откриваш
пред тебе стои само староста
Понекогаш го чувствуваш
тој плач, тој плач
на детето во себе.
Златно! Жолто!
Златно! Жолто!
Златно! Жолто!
Години во кои над нас е небото
Години во кои над нас е Земјата
Години во кои зад нас е времето
Години во кои пред нас е можното
Архангел
Нешто така празно
во него и во сите
Нешто толку мачно
споулавено од мир
Мислам, или гледам,
грч на нема уста
Овде не може да биде
сиот тој дух
Проаѓам низ тебе
и се е така тивко,
мирно, идилично
Секогаш вон тебе,
секогаш вон мене
Ти не си логичен,
Архангеле
Нешто така празно
во него и во сите
Нешто толку мрачно,
споулавено од мир
Светлото е жолто,
јас сум облечен во црно
За мене се е тука
доведено до крај
Сениште
Под ова небо железно ќе се претвориш во сениште
без дом и без сон, ќе бидеш мртва без да дознаеш.
Под ова небо железно,никогаш нема да се сретнеме.
Јас сум оној што никогаш нема да заспие.
На само чекор одовде чека божица, да ме одведе.
Таа го знае патот до мене.
Сениште, сега си само сениште.
Драги мој
Здраво, како си?
Толку ми е мило што те гледам.
Последниве денови нешто ме гони да размислувам
за сето време што го потрошив верувајќи во себе.
Дали сега имам одговор,дали сум сега поумен од сите?
Драги,зар нешто можевме да створиме со нашите
долги јазици
Немам никој покрај себе,спијам сам,се уште ја помнам
На таа мека кожа спијат сите мои чувства.
О, јас знам дека се е залудно таа нема да се врати.
Тоа беше толку одамна, таа нема да ме сфати, драги.
Се што беше потребно, ние имавме:
полни срца како полни револвери.
Барам искра во твоите мртви очи.
Драги, прости ми, само сакав да те разбудам
Се што љубев исчезна, презрено од времето.
Зар ќе кажеш дека постоев смао во твоите мисли?
Ти ќе продолжиш да ме гледаш.
Сега е два на утро, а ние сме сеуште жедни.
Кажи, каде понатаму во овој здодевен и злобен град.
Зар немаш волја да се бориш?
Јас вчера купив пиштол,
мислам дека дојде време за конечен избор, драги!
Се што беше потребно, ние имавме:
Полни срца како полни револвери.
Барам искра во твоите мртви очи.
Драги, простими само сакав да те разбудам
Се што љубев исчезна, презено од времето.
Зар ќе кажеш дека постоев само во твојте мисли?
Ти ќе продолжиш да ме гледаш
Драги!
Војна
Тоа е темница која голта се што е живо
во тебе и во мене.
често се прашувам, што може човек
против лудост, глупост и суета?
Таа е одраз,
таа е ехо на нечии трауми.
војна е девојка која нема милост
ниту за еден свој љубовник.
Ние бевме, ние сме само
послушни деца, построени под знамето.
И се што бевме, бевме само
во нашите срца, болни од илузии.
Гледам идол на ѕидот, гледам насмеан крвник
во неговата прегратка ќе заспиеме сите.
Ако можеш да се разбудиш, застани гол пред
смртта таму кај што нема Господ Бог,
само потреба да веруваш.
Дно
Очи бистри, очи паметни,
дали е ова свет кој ве радува?
Немам зборови да ви опишам
што чувтвувам.
Не знаев како да дојдам до тебе,
се има сега друго значење.
Се што помислив, се што посакав,
се заборавив.
Мислев, ја љубам, а јас ја гризав,
гризав до крв, до самото дно.
И без да заплаче, низ нежен шепот ми прости се.
Мислев ја љубам, а јас ја гризав,
гризав до смрт, до самото дно.
Очи бистри, очи паметни,
дали е ова свет кој ве радува?
Се што помислив, се што посакав,
се заборавив.
Чудесен свет
I need a friend , oh , I need a friend
to make me happy
not standing on my own
Look at me standing , here , on my own again
Up , straight in the sunshine
No need to run and hide
Its a wonderful , wonderful life !
Излези, ќе видиш повторно:
се е магично и неправедно.
Гледаш ли, девојка на небото?
Сончеви прамени
Повтори си сам.
Во очи, пламен во срцето!
Пред тебе живот!
Ова е чудесен, чудесен свет!
Човек без име и презиме
Погледнав зад себе, таму нема ништо мое.
Немам веќе дом и немам кому да се вратам.
Погледнав пред себе, видов океан од солзи,
морав, морав да заборавам.
После сите овие години
се будиш во свет кој нема минато,
свет кој нема иднина.
Ти си човек кој ќе згасне
со еден палав трепет на срцето
Ти си човек без име и презиме.
Ти си човек без име.
Морам да си одам, веќе предолго сум овде.
Негде далеку, што подалеку од тебе.
Негде далеку, што подалеку од себе,
зашто морам, морам да заборавам.
После сиве овие години се будиш
во свет кој нема минато, свет кој нема иднина.
Ти си човек кој ќе згасне
со еден палав трепет на срцето
Ти си човек без име и презиме.
Илјада светла
Илјада светла на твојот прозорец.
Илјада повици: дојди и потроши со нас
дел од себе, дел од твојот оган!
Дојди и биди еден од градските кловнови!
Подобро да останам,
зар воопшто некого познавам во овој град,
сем мојата грда девојка?!
Ако одам вечерва тие ќе сторат се што треба
да ми биде досадно, знам,
залудно се трудам да бидам среќен
без љубов и без пари.
Се што останува е да се насмејам.
Подобро да заспијам со некаква надеж
дека ќе дочекам бар едно утро
добро расположен.
На сон ми доаѓаш како светица
со вода во дланките
и ми велиш да се напијам,
да го видам овој свет за последен пат
и да се помирам со се
и да оздравам.
Милион долари
Зар веруваш во мене?
Јас сум привид што ги нуди
сите можни облици.
И веќе одамна тоа не сум јас
Тоа е некој што ме глуми
и ужива во досада.
Не мисли колку си љубела
и дека љубовта е се што ти е потребно.
Погледни! Ќе видиш само еден обичен смртник
без концепт за револуција.
Секој обид да ме љубиш
ќе ти се врати како казна,
како горка измама.
Јас сум човек кој живее во страв,
кој се плаши да те допре.
Не знам дали остана
бар малку љубов во мене,
или се исчезна во времето.
Осамен и уморен трагам очајно
по моите милион долари,
единствен разлог
да продолжам да живеам.
И нема начин да ме промениш,
се што можеш е да ме убиеш.
Разговор без смисол
Било кој и било кој што може да те замени,
но нема љубов која може да те промени.
Сега знам, Скопје е само начин на кој ќе умреме.
И после сите промени, се ќе биде прекрасно,
а јас глуп, како и секогаш.
Јас стварно немам потреба да спијам со тебе.
Таа добро знае дека мразам што сум овде
и дека несакам да пијам повеќе.
Ако останам да бидам уште една
красна ѕвезда на нејзиното темно небо.
Ако сум преблиу, и јас ќе се заљубам
во својот бол, својот бол, својот бол
и ќе исчезнам во скопските магли.
Ќе исчезнам и нема да се вратам никогаш.
Јас стварно немам потреба да спијам со тебе.
Разговор без смисол.
Разговор без смисол.
Ова е разговор без смисол,
јас стварно, стварно немам потреба
да спијам со тебе.
НОВА ВЕРА, НОВА БИБЛИЈА
Од својот трезор пушти демон
нова вера, нова библија
ми даде бакнеж, а примив отров
инстант љубов, инстант смрт
My Grandfather went for money
he left his bones in U, US, USA
Под срп и чекан јас сум роден
и немав Исус, Алах, Сотона
место срце имав ѕвезда
моја вера, моја библија
All my children go for money
They will pay the bills for U, for U, US, USA
Дал сум буден, или сонувам?
Маѓепсан и јас повторувам
Нова вера, нова библија
Нова вера, нова библија
Еве долар да изневериш
И еве долар да заборавиш
Нова веера, нова библија
Нова вера, нова библија
Алелуја, алелуја
Нова вера, нова библија
КРСТ
Кобно време
Господи
пак сме сите
распнати на крст
лево лудост
десно зло
над тоа лага
под сето бол
Збориш за правда
без чувство на срам
земам доза
не сакам да знам
долчевита
о је
овде и сега
о не!
Измиј ја крвта
со сопствена крв
Во чие име?
Не знам
во чие име
Воскресни, љубов, воскресни
пак сме сите распнати на крст
во твое име
мислев на закон
над сите закони
го понесов крстот
во име на лага
на крстот ќе умрам
повторно
Кобно време
Господи
пак сме сите
распнати на крст
лево срце
десно ум
над тоа никој
под сето јас
Измиј ја крвта
со сопствена крв
во свое име
Реков Господ
а мислев Љубов
HEARTCORE 1
Јас немам ништо повеќе од себеси
само срце кое чука вистински
сосем доволно да те вознемири
да те уплаши
Ги знаеш добро оние
со скришна солза длабоко во срцето
со скришна злоба далеку зад погледот
болни од немоќ
болни од желба за одмазда
По не знам кој пат
се видов себеси во тебе мртов
не, твојот бол нема никогаш да биде мој
Години на љубов или смрт
Без љубов, знам, ќе те проголта
овој град без гордост и без срам
ќе останеш без дела за вреднување
ќе останеш
без моќ и магија
било што да промениш
Пушташ солза
не знам што сокрива
дали немоќ
или желба за одмазда
НОЖ
Те помнам
ко нежно стопало
на асфалт што гребе
и прави лузни
ниту курва
ниту светица
жена без мејк-ап
Се помнам себе
свиреп и глуп
крај тебе гладна
за прегратка
за човек
крај кого спиеш
со кого се будиш
кој го љубиш
кому припаѓаш
Прости
прости ми
не сакав да сфатам
колку сум осамен
меѓу сите тие
безвредни луѓе
никому потребни
Прости ми
што не сфатив колку
беше сама
крај мене
без човек
кому ќе дадеш
сe што девојка
може да даде
некому
Дали си среќна
или сама
со својот бол
Дали сум крвник
или жртва
на својот нож
Секоја ноќ
мојата бремена совест
раѓа вампир
и го гризе
ова срце
свирепо срце
Секоја ноќ
ми доаѓаш
во сон
ко ангел
сe уште сама
и без човек
кому ќе дадеш
сe што девојка
може да даде
некому
Дали си среќна...
ЉУБОВ ИЛИ ОМРАЗА
Долго, долго,
гледам во тоа лице
се трудам да не мислам
колку е убава,
колку е прекрасна
морам да го скротам стравот
знам
колку тоа може
да ме промени
Долго, долго
зборувам
сакам да те трогнам
да видам бар
една солза
залудно
ти се смееш
ти си радосна
и воопшто не ги следиш моите зборови
ти си толку далеку
од мене
Треперам од возбуда
сиот треперам од страст
дал е тоа љубов
или сум полн со омраза
омраза
Ако останам
зар ќе можам да те задржам
ако одам
зар ќе можам да те преболам
да те заборавам
ќе се вратиш како спомен
ќе се вратиш како нож
РАДОСТ
Ти, ти си ко дете
под себе
ти не чувствуваш тло
правам обид
да те следам
правам обид
и се вљубувам повторно
О, не
немам сомнежи
ти си среќна
и зрачиш со радост
сиот отров
што се собрал
еве пуштам
да истече од мене
Не е важно
колку ќе трае
Ги примам
сите твои течности и мириси
ја примам сета твоја радост
Немам сомнежи
во овој миг
не ми е важно
дали е стварно
не е важно
дали ќе трае
UBER MAKEDONISCHE
Изеди до трошка
што небото дало
пополни ги сите
резерви на сало
пат во Европа
провинциска слава
со см'кнати гаќи
и опинок на глава
Дремеж и досада
посилен од дрога, baby
купен молк и тишина
пострашни од војна, maybe
Ко да не сум одовде
не, јас никому не припаѓам
стојам отстрана и посматрам
и во ништо повеќе не верувам
Ѕид од празни зборови
меѓу нас
и она што е суштина
чекам истрел да те разбуди
чекам истрел кој ќе пресуди
Sieg Heil
Uber Makedonische
Heil Ubermakedoner
ВЛАДИМИР
Со страст претворена во оган
го палам светиот бордел
пред мене ко гола курва
стои збунет сиот свет
Ги гледам и го следам својот инстинкт
на гениј самоубиец
мојот живот овде
ѕвезда пред колапс
фрла последен зрак светлина
Во мене вселена
мојот ум создава планети
срцево скршено
сега е комета која лета
Тоа сум јас
красен и благословен од вечноста
ве оставам во прав и заборав
во гнилежот на сите ваши
ситни пакости
разорни глупости
Јас своето на земја
не го живеев
Јас своето на земја
не го возљубив