Dienstag, 17. April 2018

Симеон Иванов - Канго (02.11.1951 - 26.03.2018)



Тој е познат македонски рок – музичар и гитарист, поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“ кое има за цел да ја промовира македонската нација, култура, јазик, земја, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ. Познат е по својот необичен стил налик на стилот на легендарниот гитарист Џими Хендрикс, чиј гoлем почитувач беше и  самиот Канго.
Симеон Иванов е роден во Кочани на 2-ри ноември 1951 година, каде што го завршил основното и средното образование.  Дипломирал на правниот факултет во Скопје. Со рокенрол музиката се занимаваше од раната младост, а во 2005 година го прослави 40-годишниот јублиеј од својата музичка кариера со концерт во Домот на АРМ во Скопје. Во неговата долга музичка кариера, настапуваше  заедно со скоро сите музичари од неговиот град и пошироката околина.
Канго беше сопственик на училиште за рокенрол музика каде го предаваше своето искуство на помладите генерации. Автор е на 4 збирки поезија: „Воскреснување“ (1988), „Вознесување“ (1989), „Вдахновение“ (1990) и поемата „Распетие“ (1997). Има издадено 6 музички албуми: „Воскреснување“ (1991), „Вознесување“ (1994), „Реинкарнација“ (1995) албум со преработки на песни на легендарниот гитарист Џими Хендрикс во изведба на Канго, „Вдахновение“ (1996), „Проповеди“ (1997), „Проповеди“ (1998) кој е компилација од најдобрите песни на Канго по повод 35-годишнината од неговата кариера.

Keine Kommentare:

Kommentar veröffentlichen